[Инфографик] Со милионите за катните гаражи од „Скопје 2014“ во целост ќе се решеше паркирањето

Погрешните политики за решавање на проблемот со паркирањето во минатото го направија уште поакутен недостигот на паркинг места во Скопје денес. Споредбените податоци што ги анализираше „Мета.мк“ покажуваат дека парите вложени во катните гаражи од „Скопје 2014“ ќе беа доволни за решавање на проблемот со недостигот на околу 8.000 паркинг места во главниот град, а ќе останеа и доволно средства за забрзан развој на јавниот превоз и за воспоставување на јавен велосипедски систем во Скопје.

Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, на „Призма“ изградбата на шест катни гаражи од проектот „Скопје 2014“ чинела вкупно 56,9 милиони евра, средства што се инвестирани од Градот Скопје, Општина Центар и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во периодот на владеењето на поранешната власт. Со овие средства, во главниот град се обезбедени 2.517 нови паркинг места, како и дополнителен деловен и комерцијален простор за изнајмување од страна на инвеститорите.


Ваквите бројки ги споредивме со цената на изградбата на последниот отворен монтажен паркинг во земјава, којшто лани беше подигнат во центарот на Куманово. За пуштањето во употреба на овој инфраструктурен објект биле потрошени 272.000 евра, при што со него биле обезбедени 80 паркинг места.

Ако се спореди цената на овој паркинг во Куманово со потрошените средства за катни гаражи во „Скопје 2014“, излегува дека во главниот град ќе можеле да се изградат дури 209 монтажни гаражи за паркирање, и тоа на локации каде што е неопходен дополнителен број на места за паркирање за граѓаните.

Целиот текст на Мета.мк може да го прочитате ТУКА.