#illridewithyou – хаштагот што го преплави Твитер по заложничката криза во Сиднеј

Повеќе од 250 000 твитови, односно неколку стотици во минута со хаштагот #illridewithyou (Ќе се возам со тебе), ја преплавија социјалната мрежа Твитер во последното деноноќие.

Откако заврши 16-часовното заложништво во една кафетерија во Сиднеј, при што загина човекот кој со пиштол им се закануваше на луѓето и уште двајца од заложниците, се појави страв од исламофобија, односно омраза кон муслиманските Австралијанци бидејќи заложникот бил со муслиманско потекло.

Сепак, корисниците на Твитер почнаа да твитаат со хаштагот #illridewithyou со цел да покажат дека овој чин не смее да биде причина да се мразат сите муслимански Австралијанци.

Приказната за хаштагот најпрво се појави на Фејсбук која Австралијанката Рејчел Џејкобс се возела со воз и покрај неа седнала жена за која претпоставила дека е муслиманка. Таа скришно сакала да ја симне марамата (хиџаб) од нејзината глава од страв да не биде таргетирана.

„Ја сретнав на железничката станица. И реков, врати ја назад. Јас ќе одам со тебе. Таа започна да плаче и ме прегрна, а потоа продолжи да чекори сама“, пишуваше на нејзиниот пост на Фејсбук кој потоа послужи за корисничката на Твитер, @sirtessa да ја спомене во својот пост.

Веднаш после тоа, хаштагот многу брзо почна да се шири низ социјалната мрежа достигнувајќи бројка дури повеќе од 250 000 твитови за едно деноноќие.