Икеа: Престанете да спиете во нашите продавници

Шведската продавница за мебел Икеа ги предупредува посетителите да не преспиваат во нивните продавници откако ќе се затворат. Додаваат и дека ќе ги сметаат овие луѓе за натпрапници и ќе си предизвикаат проблеми со законот.

Во средата, портпаролка на шведската фирма, Јохана Ириц, вели дека го сфаќаат овој проблем сериозно, додавајќи дека „не можат да ја гарантираат безбедноста“.

Трендот на преспивање во Икеа започна кога двајца тинејџери преспаа во нивна продавница во Белгија во август годинава, а потоа објавија видео од нивната „авантура“ на интернет.

Ириц вели дека од Икеа забележале околу 10 вакви инциденти минатата година, во САД, Канада, Велика Британија, Белгија, Холандија, Шведска, Јапонија, Австралија и Полска. Не е јасно дали некој бил казнет за тоа.

Во август, Флориан Ван Хеке и Брам Геинерт се сокриле во гардеробер во Икеа во Белгија, а излегле оттаму откако продавницата се затворила. Се снимиле како го користат изложениот мебел преку ноќта и ја напуштиле продавницата без било кој да забележи дека се таму цело време. Нивното видео на Јутјуб е прегледано повеќе од 1,7 милиони пати.

Ириц вели дека не гледа ништо смешно во трендот и дека спиењето во продавница на Икеа е „преценето“.