И премиерот ветува реконструкција на студентскиот „Гоце Делчев“

И премиерот Никола Груевски , во дневникот на Сител, се огласи на барањата на студентите за реновирање на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Истакна дека студентите биле во право, а имало и пропуст со задоцнување на реконструкцијата.

„Гоце Делчев“ - студентски дом

„Очигледно запоставено беше реновирањето на Гоце Делчев. Она што можам да го кажам е дека веќе на следната седница во вторник ќе предложам заклучок, се надевам владата тоа ќе го усвои, за итен почеток на правење на проект за реконструкција. Штом проектот заврши, ќе почне и самата реконструкција, се надевам ова лето“, рече Груевски кој се пофали дека Владата вложува многу во студентските домови.

Ваквата реакција доаѓа неколку дена по прикажувањето на фотографиите од мизерните услови во најголемиот македонски студентски дом„Гоце Делчев“ во повеќе светски и балкански медиуми.

Ова не е прво ветување на реновирање на домот, ниту од премиерот, ниту пак од министрите во неговата влада. По пожарот во месец април  каде изгореа неколку соби во „Гоце“, Груевски дека уште минатото лето ќе се рековира блокот и тоа најдоцна до септември минатата година што не се случи.

Ветувања за реконструкција даде и министерот за образование Спиро Ристовски, но и неговите претходници, Панче Кралев која лани ја најавуваше реконструкцијата, како и Никола Тодоров кој уште во 2010 година вети реконструкција на „Гоце Делчев“.

Во меќувреме, состојбата во Гоце од ден на ден се влошува. Студентите се жалат на влагата, студот, немањето топла вода, распаднатите соби, храната, но и на немањето слух од страна на недлежните.