„I Know What You Download“ ги покажува торентите што некој ги презел според ИП-адресата

Огромен е бројот на луѓе кои секојдневно преземаат одредени торенти со пиратски или бесплатни содржини. Познат е и фактот дека не е многу тешко да се следат нечии активности на мрежата со торенти. Веб-страницата I Know What You Download всушност ги следи и сочувува торентите кои луѓето ги преземаат.

Ако корисникот ја избришал историјата на преземени фајлови, може да ја провери впишувајќи ја својата ИП-адреса.

Според описот на веб-страницата, за неколку секунди ги прикажува сите преземени торенти преку внесената ИП-адреса. Заедно со датумот и времето кога е направено преземањето, листата го вклучува и насловот и големината на торентот.

Но, страницата овозможува да се погледне историјата на преземени торенти и на други луѓе.

Сепак, тешко дека некој може да ги погледнете сите преземања на одреден корисник, поради динамичните ИП-адреси, односно со секое „закачување“ на интернет корисникот добива нова ИП-адреса. Тоа најчесто е случај со мобилните телефони.