Hungry? – нова македонска апликација која ќе ви помогне да најдете ресторан

Hungry? e македонска Android апликација од Виктор Стојановски, која e всушност негова четвртта апликација на Google Play.

Hungry?

Како што наговестува името апликацијата ви сугерира каде да јадете, доколку веќе немате план, објави It.com.mk. Изборот на ресторан се прави по случаен избор од локациите кои се оддалечени до 2,5 км од корисникот, а за лоцирање на рестораните, кафаните и слични локации е искористен FourSquare.

Апликацијата изгледа одлично, го користи целиот екран на телефонот, овозможува гласовно пребарување, како и можност за навигација до локациите и телефонски повик од апликацијата, појаснуваат од It.com.mk.