Хуманитарни претстави на младите волонтери од Црвен крст

Хуманитарни претстави на младите волонтери од Црвен крст Младите волонтери од Црвениот крст,  во рамките на „Неделата на промоција на хумани вредности“ организираа низа активности со цел да го помогнат функционирањето на Казнено-поправната установа во Охрид.  Се активираа вкупно 863 млади членови на организацијата, реализираа 28 хуманитарни претстави и собраа 165.000 денари кои се уплатени на сметката на Казнено-поправната установа, информираат од Црвениот крст.

Реализираните шоу-претстави ги проследија околу 7 ооо гледачи од целата земја. Во нив, во секое место беа вклучени по двајца водители кои се обраќаа на јазиците кои се зборуваат во самиот град, младите од клубовите ги изразуваа своите способности преку песна, свирење на некој инструмент, заеднички настап, стендап-комедија, глума …

Во рамките на акцијата беа подготвени постери и карти за продажба по симболична цена од 30 денари.  На настанот организиран од Црвен крст по повод 5 декември – Светскиот ден на волонтеризмот, беше доделен и „Оскар“ за најдобро изработен филм од страна на волонтерите преку кој се промовира значењето на волонтерската активност, меѓуетничката соработка и култура на дијалог.