По четврти пат, на 12 мај е се случува хуманитарната велодружба „Cycle4Charity“. И овој пат, велодружбата започнува пред канцелариите на Интертек во Скопје со почеток од 17:30 часот.
Според организаторот, целта на овој настан е да се покаже грижата за општеството и поддршка на социјално загрозените семејства и поединци во заедницата и можност за социјализација на отворено во релаксирана велоатмосфера.
„И овојпат, сите средства кои ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во здружението „Љубезност“, кое се залага за помош и поддршка на социјално загрозени семејства и поединци и реализира хуманитарни активности под името Вистински Дела На Љубезност““, соопштуваат организаторите.
Сите оние кои сакаат да дадат свој придонес и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно истото може да го направат пред самото случување, со онлајн донација. Исто така и ИТ компаниите можат да се вклучат како индивидуалци, или како компанија поддржувач на настанот со своја онлајн донација.
Дополнително, учесниците ќе имаат можност на лице место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.
Сите заинтересирани, за да бидете дел од велодружбата, можат да го пријават своето учество овде, најдоцна до 12 мај. Повеќе информации за настанот и донациите ОВДЕ.