Хуманитарна изложба „5 минути до 12“ за деца чии родители се во притвор или затвор

Во Младинскиот културен центар утре (10 декември) од 11:55 часот ќе биде отворена донаторска изложба, симболично насловена „5 мин до 12“.

Станува збор за хуманитарна изложба и продажба на уметнички слики, донирани од македонски сликари.

„Паричните средства собрани од овој настан ќе бидат употребени за купување на новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор или на издржување казна затвор, но и за подобрување на условите во затворите“, велат организаторите.

Хуманитарниот настан е во организација на Центар за помош, поддршка и застапување на притворени и осудени лица, а се одржува по повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права (10 декември) и Меѓународниот ден nа УНИЦЕФ за заштита на децата (11 декември).