Хуманитарен настан за СОС Детското село

Хуманитарен настан под мотото „Во секое срце има место за хуманост“ ќе се одржи денеска кај Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

Хуманитарен настан за СОС Детското село

На хуманитарниот хепенинг ќе настапат група музички изведувачи, а деца од СОС Детското село ќе се претстават со нивно рачно изработени ракотворби, кои ќе се продаваат. Собраните средства ќе бидат донирани во СОС Детското село.

Настанот е организиран од невладината организација Профицио.