Хуманитарен базар во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во Карпош

Во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ денеска од 15 до 18 часот ќе се одржи хуманитарен базар.

На него ќе учествуваат група креативни наставници (ракотворци) и занаетчии кои ќе се претстават со нивните уникатни ракотворби (филиграни, изработки од срма, производи со декупаж-техника и сл.). Ќе бидат застапени и производи од органско потекло.

Настанот се организира по повод Денот на општината.

Целта на базарот е оживување на веќе изумрените занаети, доближување на учениците и откривање на значењето и важноста на народното творештво, просвета и култура. Собраните средства ќе бидат наменети за уредување на училишниот двор.