Медицинската марихуана би можела веќе во февруари да стигне во аптеките во Хрватска, ако се комплетира договорот со партнерите од Канада . Институтот за имунологија, пишува vecernji.hr , е во преговори со канадски партнер од кој треба да биде увезена првата количина суровини за медицински препарати со ТХЦ, потврди директорот на Институтот д-р Невенка Ковач.
„Го усогласуваме договорот, дадовме забелешки за понудената цена. Ако дојде до договор во јануари, че треба околу еден месец за дозволата за увоз и во февруари нашите аптеки ќе може да добијат суровина за екстрактот кој би се правел според лекарските рецепти“, вели д-р Ковач.
Хрватските медиуми пишуваат дека во меѓувреме цвета црниот пазар. Иако пред три месеци Хрватска ја дозволи употребата на марихуаната за медицински потреби, лекарите се уште не ја препишуваат поради старите правилници. Рецептите би требало да ги пишуваат матичните лекари, по препорака на специјалист, но нив ги нема. Некои чекаат насоки од Онколошкото друштво, други топката ја префрлаат во Министерството за здравство, но никој не се смета за компетентен да одговори зошто не се препишуваат лекови на база на марихуана и активната состојка ТХЦ. Сето ова ќе потрае околу една година, додека специјалисти не го прифаќаат практиката, смета д-р Ковач.