Хрват доби кривична пријава откако поправи графит со говор на омраза упатен кон Србите

На ѕидот од зградата на Месниот комитет во хрватскиот град Задар неодамна се појави графит со пораката „Убиј Србин“. Револтиран од говорот на омраза, Хрватот Јуре Зубчиќ решил сам да го реши проблемот и на натписот му додал „љ“, така што пораката сега гласи „Сакај Србин“ („Ljubi Srbina“).

Но, наместо да биде пофален за неговиот гест, против него е поднесена кривична пријава за уништување на туѓ имот.

„Не трпам говор на омраза и затоа го поправив графитот. Многу е поубаво да се гледаат љубовни пораки, отколку пораки со омраза“, вели Зубчиќ.

Тој вчера се појави на разговор во полициска станица.

„Признавам дека ја допишав буквата, но не сметам дека уништив туѓ имот, туку напротив, го поправив“, напиша Зубчиќ на својот Твитер профил.

Тој го прозва авторот на оригиналниот графит да излезе јавно со име и презиме.