„Ховербордите“ се забранети во Англија уште од 1835

„Ховербордите“ неодамна беа забранети со закон во Обединетото Кралство, но се чини дека „самобалансирачките скутери“ таму се илегални уште пред 180 години.

Модерните „самобалансирачки скутери“, како што властите тогаш ги нарекувале, се забранети од англиските тротоари со закон кој бил изгласан во 1835 година. Освен за водење на „коњи, магариња, овци, мулиња, свињи или стока“ на тротоарите, полицијата може да уапси некого и ако вози Segway со две тркала.

Возењето на скутерите на патиштата исто така се смета за прекршок, според различен закон изгласан во 1988 година. Тоа значи дека „ховербордите“ кои наскоро ќе излезат на пазарот може да се користат само на приватен имот, со дозвола на сопственикот на земјата.

Со оглед на тоа што овој закон е многу стар, „ховербордите“ се забранети уште пред да почнат да се продаваат, исто како и „сегвеите“ кои во Обединетото Кралство станале популарни пред околу две години. Но, растечката популарност на ова иновативно возило ја натерало полицијата да „твита“ предупредувања преку викендот, со оглед на тоа што многу обожаватели се загрижиле дека нивните скапи нови возила нема да им користат, или ќе им донесат казни поради сообраќаен прекршок.

Извор: Independent