„House of Cards“: втората сезона почна многу поуспешно

Втората сезона од хит-серијата „House of Cards“, која интернет-сервисот Netflix ја објави во целост пред два дена, има многу поголема гледаност отколку првата сезона, емитувана лани, покажуваат податоците.

Netflix не ги објавува бројките за гледаноста, но според мерењата на компанијата Procera, напнатата политичка драма со Kevin Spacey, Robin Wright и Kate Mara првиот ден (14 февруари) ја гледале 15% од претплатниците на Netflix (околу 6 милиони гледачи), што е многу повеќе од ланските 2%.

house-of-cards

За популарноста на серијата сведочи и вистинскиот бум што „House of Cards“ го направи на социјалните мрежи. Netflix мораше да ги филтрира твитовите кои фановите на серијата ги поставуваа на Твитер, поради опасност од спојлери. Дури и американскиот претседател Barack Obama од својот профил повика фановите да се воздржат и да не откриваат детали од серијата:

„House of Cards“ предизвика многу внимание и заработи многу комплименти од критичарите и од гледачите, опишувајќи ги бескрупулозните политички игри во американскиот Конгрес и во Белата куќа. Во рецензијата на првите четири епизоди од втората сезона, критичарот на Hollywood Reporter, Tim Goodman напиша:

„Темпото е слично на она што се наметна во првата сезона. Серијата е забавна и силно граби напред. Постои мистерија во нејзината основа, а американската политика основано се исмејува затоа што претставува двопартиски двобој на сепаратизам и контробвинувања. Знае да биде премногу драматична, можеби и преедноставна, но серијата се уште ги „продава“ главните ликови, брачниот пар Underwood… задоволство е да се гледа,“ вели Goodman.