Хомосексуални двојки на семафори во Виена

Пешачки семафори на кои има слики од хомосексуални двојки се поставени во главниот град на Австрија, Виена, во време кога градот се подготвува да биде домаќин на серија настани поврзани со толеранцијата, вклучувајќи го и натпреварот за песна на Евровизија.

Во градот е поставена светлосна сигнализација која прикажува двојки, наместо стандардните човечиња. На некои од нив се преттставени маж и жена, на некои двајца мажи и двајца жени.

Хомосексуални двојки на семафори во Виена

Ваквите семафори се инсталирани на 47 крстосници, каде ќе останат до следниот месец. Во овој период, во Виена се организираат Балот на животот – најголемиот хуманитарен настан за истражување за СИДА и ХИВ, како и Евросонгот, на кој минатата година победи австриската ѕвезда Кончита Вурст.