Хелсиншки комитет го осуди инцидентот во Тетово, предизвикан од навивачката група „Балисти“

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од припадници на навивачката група ,,Балисти’’.

На социјалните мрежи вчера беа споделувани видеа на кои се слушаат песни и извици каде е забележан говор на омраза  и повикување на насилство, по што следело и фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости, забележуваат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму најавуваат дека со посебно внимание ќе го следат разрешувањето на инцидентот и ќе бараат најстроги казни зa „дела од омраза и говор на омраза, чија цел е предизвикување меѓуетнички тензии и насилство“.