Хана Дoсон: Образованието и младинската невработеност се голем проблем и во Јужна Африка

Младите во Јужноафриканската Република се активни и не се плашат да го кренат својот глас на улица. Меѓутоа, и покрај бунтовниот дух, кој сè уште е присутен во државата, младите се соочуваат со голема невработеност, расна поделба и лошо образование. Македонија и Јужноафриканската Република и не се толку различни, смета Хана Досон, која потекнува од Јоханесбург, каде студирала на социологија и географија, а магистериските студии по меѓународен развој ги завршила на Универзитетот Оксфорд. Таа неодамна беше дел од настанот „Оксфордски конекции“ во Скопје. Во интервју за Радио МОФ, Досон ја опишува моменталната состојба на младите во Јужна Африка, нивните предизвици и проблеми.

Јужноафриканската република е илјадници километри оддалечена од Македонија, со различна култура и начин на живот. Меѓутоа, за време на вашата посета во Скопје, дали можеби препознавте некои сличности помеѓу младите во двете држави?

Пред да го посетам Скопје, прочитав малку за моменталната економска, социјална и политичка состојба во Македонија. Многу сакав да дознаам за масовните студентски протести во 2015 година, бидејќи и во ЈАР имаше студентски протести низ целата државата, во истиот период. Студентското движење првично беше формирано со цел да се спротивстави на зголемувањето на партиципацијата во 2016 година (#FeesMustFall), иако не успеа да ги пренесе целите за подобрување на материјалната благосостојба. Студентските протести отидоа подалеку, во борба за еднаков пристап до образование, за вклучување на отфрлените од институционалниот расизам и да стави крај на аутсорсингот на работниците во кампусот (#EndOutsourcing). Овие студенти се доволно храбри да се спротивстават на бесмртноста на длабоко неправедното и нееднаквото општество.

И покрај моето ограничено познавање на Македонија, изгледа растот на вашата фрустрација и протестите во двете држави се симптом на огромни неисполнети очекувања за демократијата. Во Јужна Африка, ова е очигледно во високите нивоа на младинската невработеност и во нефункционалниот образовен систем кој остава трага на млади луѓе со слаби вештини и без работа. Зголемената нееднаквост во приходите, заедно со продорната култура на корупција дава чувство на запоставеност и неправда. Разочареноста на младите во однос на изборната политика не значи дека тие се пасивни или исклучени. Наместо тоа, моето истражување сугерира дека младите активно се вклучени во стратегии за да го управуваат и да го трансформираат нивниот живот, и пошироката општествена реалност.

Јужноафриканската република се смета за најголемата и најравиена држава на Африканскиот континент. Сепак, со какви проблеми се соочуваат младите таму?

Еден од најголемите проблеми, како што посочив е образовниот систем. Продолжува да се соочува со неверојатни историски работи во вештините и основната инфраструктура. Во 2012 година, неуспехот на одделот за образование да достави учебници во руралниот Западен Кејп стана пресвртна точка околу која политичките партии и граѓанското општество се организираа за целосно решавање на кризите во образовниот систем. Реалноста е дека премногу млади луѓе се исклучуваат од училиште рано или го напуштаат образовниот систем како слабо квалификувани, без да имаат можност да учествуваат во економијата ефективно.

Второ, проблем е бавниот економски раст и невработеноста. Јужноафриканската економија не успеа да создаде работни места за да се држи во чекор со младите, кои го сочинуваат најголемиот дел од работната сила. Поврзани проблеми се растечката нееднаквост и концентрацијата на богатството, заедно со порастот на невработеност и големиот број на несигурни и сиромашни работници.

Младите луѓе во Јужна Африка го носат најголемиот товар на кризата со невработеноста, со околу педесет проценти од нив без работа. Овие високи нивоа на невработеност создадоа бариери за младите луѓе да постигнат нешто на зрели години, вклучително економска независност, да го напуштат својот дом и да формираат семејство.

Нелсон Мандела се смета за синоним за демократијата во вашата држава, тој е меѓу првите кои се спротивставија на расната поделба. Постои ли сè уште бунтовниот дух во вашата држава? Колку младите луѓе во Јужноафриканската република се осмелуваат да го кренат својот глас за одреден проблем и колку власта има слух за нив?

Јужна Африка и понатаму останува длабоко поделена нација во однос на раса, класа, националност и род. Последните студентски протести ни ставија јасно до знаење дека помладата генерација не верува во приказната за помирување, или да се постави мирот на сметка на правдата. Од друга страна, пак, ако под овој дух мислете на бескомпромисната борба за да се види сонот за „нова” Јужна Африка како се реализира, тогаш јас би рекла дека бунтовниот дух се уште е во нас. Нелсон Мандела беше тој кој рече дека „никогаш, никогаш и никогаш повторно нема оваа прекрасна земја да го доживее угнетувањето од еден кон друг.” Тоа е дух кој верува дека е возможен поправеден свет е и вреди да се бориме.

Според вас, како транзицијата кон демократско општество, која започна во 90-тите, влијаеше на луѓето, особено на младите?

Демократизацијата се случи во исто време како и големиот пад на бројот на работни места. Тоа создаде збир на сурови иронии каде младите имаат слобода на хартија, но не оној вид на слобода за која мечтаат. Младите луѓе кои израснале во пост-апартхејдот во Јужна Африка, често се нарекувани како „родени ослободени”, го сонувале начинот на живот на средната класа и останале во ветувањето за „подобар живот”. За многу млади луѓе, постои тензија поради противречноста помеѓу она што демократијата и слободата се, и треба да бидат – или како што беа замислени да бидат. Младите луѓе, сепак, сè уште се надеваат за својата иднина – изразено во нивните очекувања, и барања од државата. Овие очекувања и барања ги закајнуваат обврските на државата за нејзините граѓани, се одразува обидот да се преговара за подобри услови.

Вашиот докторски труд се однесува на масовната невработеност, фокусирана на младите луѓе и нивната економска нестабилност во урбаните периферии на Јоханесбург. Што научивте досега, што придонесува кон невработеност и како се манифестира на младите?

Моето докторандско истражување има за цел да ја реши социјалната загатка за тоа зошто и покрај високото ниво на невработеност на младите луѓе, особено кај младите урбани мажи, се покажало дека одбиле или отфрлиле одредени видови на работа. Ако било која работа не е подобра отколку без работа воопшто, како што многу млади луѓе ми кажале, ние треба да ја разбереме динамиката што ги обликува економските одлуки, очекувања и вклучувањето на младите на пазарот на трудот. Ова се тие прашања, меѓу другото, што мојот докторски истражување има за цел да ги одговори.

Моето истражување укажува на тоа дека видовите на работни места, повеќето лесно достапни во Зандспруит (населба во предградието на Јоханесбург) не обезбедуваат стабилност и безбедност, кои младите луѓе ги сакаат. Наместо тоа, тие создаваат несигурност, лутина и незадоволство. Иако голем дел од младите луѓе во моето истражување се дефинираат себеси како невработени тие не се „неактивни”, туку се движат во и надвор од различни привремени работни места и се вклучуваат во мноштво на економски и социјални стратегии.

По завршувањето на вашиот докторски труд постои ли нешто посебно што сакате да го направите?

Се надевам дека ќе се вратaм во Јужна Африка и ќе ја продолжам кариерата во академскиот свет… Или да отворам кафе-книжарница. Мене ме привлекува академската заедница, делумно поради можноста да се комбинираат настава, истражување, општествен ангажман и активизам. Јас сум возбудена од можноста за настава на студенти критички и со чувствителност, и да работам со млади луѓе, охрабрувајќи ги да ги преземаат ригорозна и сензитивна анализа на светот во кој во моментов живеат, како и за световите кои тие сакаат да ги видат.

Е.П.