Хакери украле 68 милиони лозинки на Dropbox

Dropbox ги ресетираше лозинките на корисниците кои не се променети од 2012 година, откако хакери ја нарушија безбедноста на овој сервис за прикачување датотеки.

Веб-страницата Motherboard објави дека системот на компанијата бил нападнат во 2012 година, кога хакерите успеале да украдат 68 милиони кориснички имиња и лозинки.

Оние кои сакаат да проверат дали нивната лозинка е украдена, може да го направат тоа на страницата Have I Been Pwned. Таа е безбедна и во неа може да се внеси електронската адреса за проверка. Страницата е покрената од експертот за безбедност Трој Хант, кој направи анализа на лозинките на Dropbox и потврди дека тие се автентични.

Но, тоа што нечија лозинка се наоѓа во интернет просторот не значи дека хакер може лесно да се логира во профилот. Од компанијата велат дека во ниту еден профил не е навлезено и дека ресетирањето на лозинките ги опфатило сите погодени профили.

Одлучен хакер, доколку би имал среќа, би можел да пристапи до еден од компромитираните профили. Тоа се сведува на математичка функција која претвора низа од знаци, како на пример лозинка, во единствена измешана низа од знаци и претставува еднонасочен процес. За ова, хакер може да употреби бесплатни алатки за да претвори милиони познати лозинки во хаш.

 Сепак, ако истиот мејл и лозинка се искористени и за други сервиси, од компанијата советуваат да се променат.

2016 година не беше успешна година за онлајн безбедноста. На почетокот на годината, 32 милиони лозинки на Твитер беа поставени на продажба на Deep Web за само 5,8 долари, а во мај, 117 милиони ЛинкедИн профили беа достапни за 2, 2 долари.