Откако Инстаграм профилите на две познати личности од Бугарија беа хакирани и преземени, се вклучи алармот за виртуелна небезбедност.
„Добив и-меил, наводно од Инстаграм, каде што пишуваше дека треба да си го верификувам профилот. Го прегледав внимателно и, за жал, клинкнав за да продолжам натаму. Тоа беше доволно за да добијам известување дека самиот и-меил и шифра ми се сменети, односно дека профилот е хакиран“, изјави за бугарските медиуми манекенката Билјана Јотовска, последната жртва на хакерите.
Таа вели дека прочина за хакирањето на нејзиниот профил биле парите, з нејзниот профил со илјадници следачи може да чини скапо на црниот пазар.
Истрагата за крадењето на профилот се уште е во тек, a според неофицијалните информациите се работи за организирана група од Турција.
Претходно беше украден профилот и на познатиот бугарски актер Јулиан Вергов. Експертите советуваат корисниците да обрнат внимание на е-пораките што ги добиваат, бидејќи тие може да не бидат пратени од официјалните социјални мрежи. Во некои случаи, ако профилот е преземен од хакери не може да се врати назад.