Гугл Хром ќе блокира реклами кои ја трошат батеријата и го „цедат“ мобилниот интернет

„Гулг“ работи на блокирање рекламите на „Хром“ кои ја трошат батеријата и без потреба го „цедат“ интернетот.

Овој проблем е прилично мал, бидејќи блокирањето би опфаќало само 0.3% од рекламите на интернет, но ваквите реклами ги трошат ресурсите на апаратите без знаење на корисниците.

Според менаџерот за производство на „Хром“, Маршал Вејл, овие реклами можат да ја трошат батеријата, да чинат пари и дополнително да ги оптеретуваат веќе густите мрежи.

„Гугл“ планира да се фокусира на несериозните реклами кои користат повеќе CPU или поголема мрежна ширина, односно реклами кои користат CPU повеќе од 60 секунди или користат повеќе од 4 мегабајти мрежна ширина.

„Иако во овој опсег влегуваат само 0.3% од рекламите, тие се виновниците за 27% од мобилниот интернет искористен за реклами, како и 28% од користењето на CPU“, додал тој.

Од „Гугл“ планираат да експериментираат со техниката за блокирање на рекламите, а кон крајот на август веќе би излегла и официјалната опција на „Хром“.

На сомнителните компании за реклами и провајдерите за „копање“ на крипто-валути најверојатно нема да им се допадне овој потег, но новата промена е дел од напорот на „Гугл“ да ги спречи досегашните корисници на „Хром“ од употреба на друг и помоќен софтвер за блокирање реклами. Со тоа ќе се поткопа главниот бизнис на „Гугл“, нудење на простор за реклама.

Извор: Mashable