Група граѓани ја блокираа улицата пред Собранието на протест за предложените уставни измени

Група од дваесетина демонстранти протестираат пред Собранието каде во тек е седницата на која се дискутира за потребата од уставни измени, кои ги предложи Владата, согласно Договорот од Преспа.

Протестите ги најави здружението „Преродба“ кое најави и блокади со цел „продолжување на македонскиот отпор и се додека не се исполни барањето за поднесување оставка на актуелната власт.“

Пред седницата СДСМ ги повика сите пратеници да ги поддржат уставните измени, со цел деблокирање на евроатланските интеграции. ДУИ пак, изрази оптимизам дека ќе се обезбедат потребните гласови за уставни измени и ќе се избегнат непотребни избори. Од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека на денешната координација ќе решат како ќе настапат на парламентарната седница, меѓутоа јасно порачуваат дека пратениците нема да поддржат уставни измени за промена на уставното име на државата.

Доколку се постигне двотретинско мнозинство за отворање на уставот, ќе започне постапката за уставни измени, при што на крајот на третата фаза потребна е уште една двотретинска поддршка за заокружување на процесот.