Груевски: Целта на оценувањето е студентите да имаат посилно знаење

Ќе се слушнат сите мислења за оценувањето на студентите. Целта е да имаме нови генерации со посилно знаење и креативност, изјави денеска премиерот Никола Груевски за предлогот да се воведе екстерно оценување на универзитетите, пренесе агенцијата МИА.

Груевски: Целта на оценувањето е студентите да имаат посилно знаење

Според премиерот, реформата е добра, но нема да се спроведе се додека не се направи широка дебата во која ќе бидат вклучени студентите. Тој додаде дека студентите имаат право на различно мислење и право на протест и посочи дека тоа го почитува.

– Не е точно, како што се појавија некои шпекулации, дека нема да се предвиди можност за повеќекратно полагање на државниот испит во втора година, рече Груевски и додаде дека ќе има можност секој да го полага испитот се додека не положи.

– Нас целта ни е ако некој дошол до преодна оценка без знаење да биде натеран да научи, изјави Груевски.

Тој најави дека доколку биде донесен законот, тој ќе важи за студентите кои ќе се запишат допрва на факултет.