„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје на 26-ти јуни од 19 часот организира онлајн дискусија насловена „Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“.

„Зошто е потребно да постојат програмите за намалување на штети од употреба на дроги. Колку животи спасуваат овие програми? Дали Владата и некои од општините ќе останат на определбата за нивно финансирање? Дали иницијативата на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје за зголемено финансирање на овие програми преку средствата кои министерството за здравство ги добива од акцизите за алкохол, пиво и цигари ќе добие поддршка од министерството?“, се само дел од прашањата кои ќе бидат дискутирани на онлајн разговорот, најавуваат организаторите.

На дискусијата ќе присуствуваат Министерот за здравство, Венко Филипче, Елеонора Панчевска Николовска, раководител на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Влатко Деков, менаџер за застапување во ХОПС, Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје и одговорен за мониторинг на Програмите за намалување на штети и правничката и адвокатката Наташа Бошкова како модератор.

Онлајн разговорот ќе се емитува на Фејсбук страната на ХОПС, а заинтересираните во коментари ќе можат да поставуват свои прашања.