Gramophonedzie и Loco Baby на шестиот фестивал Relive во Тетово

Оваа сабота (8 ноември) во Тетово ќе се одржи шестото издание на фестивалот Relive,  на кој како главни ѕвезди  ќе настапат српските диџеи и продуценти Gramophonedzie и Loco Baby, и со домашна поддршка од Flooder и John Tablone.

Фестивалот е повторно во организација на тетовските клубови „Амнезија“, „Медисон“ и„Републик“ во соработка со ЕЕММ и под покровителство на Хајнекен. Во салата на Спортскиот центар во Тетово фестивалот ќе ги собере младите луѓе од целиот регион кои се желни за добра забава и квалитетна електронска музика.

„Презаситеноста од турбо фолк и кич музика е само мотив плус да организираме што повеќе фестивали и да донесеме што поквалитетни артисти а публиката во тоа не поддржува“, велат организаторите.

Журката почнува во 21:00 часот. Влезниците се пуштени во претпродажба по промотивна цена од 200 денари, од четврток ќе чинат 250, а на влаз 300 денари.