Град Скопје не прогласи победник на Конкурсот за идејно решение за паркот во Карпош

Комисијата на Град Скопје реши да не додели прва награда за идејно решение за паркот крај реката Вардар во Карпош 4, туку две втори и две трети награди. Градските власти соопштија дека по деталното разгледување на сите 19 пристигнати трудови, од Комисијата заклучиле дека ниту еден труд во потполност не ги исполнил зададените критериуми и програмските барања на Конкурсот.

„На приложените трудови со шифри Скупи и Ширит им се доделува втора еднакво вредна награда, а на трудовите со шифрите Пинктинк и Ленти им се доделува трета еднаквовредна награда. Наградниот фонд од 10.000 евра ќе биде соодветно поделен помеѓу авторите на четирите решенија“, соопштија од Град Скопје.

Критериумите по кои биле оценувани се: целосно почитување на програмските барања, изводливост и одржливост, инвентивност во пристапот на обликување, економичност на решението, задоволување на сите прописи и нормативни акти за проектирање и хортикултурно уредување на паркови.

„Четирите наградени трудови (две втори и две трети награди) се издвојуваат по одличните решенија за создавање на ново шеталиште на кејот во Карпош, градски шумски појаси во делови на паркот, цветни алеи, урбана опрема која одговара на просторниот контекст, како и отворени сцени и други програмски содржини“, гласи одлуката на мешовитата комисија составена од претставници од Град Скопје и Општина Карпош.

Според законските одредби, Град Скопје ќе го изработи основниот проект за паркот, но информираат дека во овој процес планираат да ги повикаат на учество и авторите на четирите наградени решенија.

Во продолжение, погледнете ги четирите наградени решенија:

Идејно решение под шифра „Ширит“

Идејно решение под шифра „Ширит“

Идејно решение под шифра „Скупи“

 

Идејно решение под шифра „Скупи“

 

Идејно решение под шифра „Скупи“

 

Идејно решение под шифра „Скупи“

 

Идејно решение под шифра „Скупи“

 

Идејно решение под шифра „Скупи“

Идејно решение под шифра „Пинктинк“

 

Идејно решение под шифра „Пинктинк“

 

Идејно решение под шифра „Пинктинк“

 

Идејно решение под шифра „Пинктинк“

 

Идејно решение под шифра „Пинктинк“

 

Идејно решение под шифра „Пинктинк“

 

Идејно решение под шифра „Пинктинк“

Идејно решение под шифра „Ленти“

 

Идејно решение под шифра „Ленти“

 

Идејно решение под шифра „Ленти“

 

Идејно решение под шифра „Ленти“

 

Идејно решение под шифра „Ленти“

 

Идејно решение под шифра „Ленти“

 

Идејно решение под шифра „Ленти“