Град Скопје ги објави резултатите од конкурсот за проекти од културата

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. Поддржани се 231 предлог проекти, или непто повеќе од половина од пристигнатите пријави.

Најмногу средства се доделени на Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје, 1 500 000 денари. На НУ Македонска Филхармонија, за мултимедијален концерт „Филхармонија на отворено“ се доделени 350 000 денари, а за детскиот фестивал „Златно Славејче 2019“ се одвоени 250 000 денари.

За конкурсот градот издвои вкупно 16 милиони денари. Од поддржаните предлог проекти по 46 им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности; 43 областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка.

Годинава, велат од Градот, акцент е ставен на поддршката на младински и на студентски проекти. Апликациите, како што соопштија, ги оценувале шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции на Градот.

Сите добитници на конкурсот може да се видат на овој ЛИНК.