Google донира 25000 Chromebook компјутери за помош на бегалците во Германија

Google.org објави дека ќе додели грант од 5,3 милиони долари на хуманитарна организација во Германија, за да може да обезбеди 25000 Chromebook компјутери на непрофитните организации кои работат со бегалците кои доаѓаат во земјата.

Непрофитните организации може да аплицираат за грант преку Project Reconnect на NetHope хуманитарната организација. Целта е тие да имаат лаптопи кои ќе можат да ги користат за да им помогнат на бегалците со секојдневни проблеми, како исполнување на формулари или учење на германскиот јазик.

Технолошките компании веќе направија доста за да им помогнат на бегалците да дојдат до безбедно место и да се интегрираат.

Во октомври, Google започна мобилен „микросајт“ со клучни информации за луѓето кои штотуку пристигнале во земјата, а ја ажурираше и услугата за превод за да им помогне на луѓето од Блискиот исток да ги разберат знаците на англиски и германски јазик.

Извор: The Next Web