Голема акција за вдомување миленичиња во Велес

Здружението Анима Мунди и Animals’ Voice – Здружение за заштита на животни Велес,  утре(9 ноември)организираат голема акција за вдомување во Велес. Акцијата ќе се одржи во Младинскиот Парк од 12  до 16 часот.

Голема акција за вдомување миленичиња во Велес

„Го повикуваме сите граѓани од околните градови- Неготино, Кавадарци, Штип…. да ни се придружат и преку заедничка дружба создадеме безброј среќни приказни! За зимата да ја дочекаат во топол дом, а и вас да ве грее љубовта на новото милениче, ви порачуваме – Вдомете, НЕ купувајте. Ќе има секакви кутриња и мачиња, големи и мали, а напоредно ќе биде поставен едукативен штанд, со бројни инфо материјали (Прирачник за одговорно чување миленици; препораки за грижа на милениците, флаери, плакати, летоци за полезноста од стерилизација и кастрација на милениците , и др) и во секое време активистите на Анима Мунди и Гласот на животните, ќе бидат достапни за совети и дискусија за се што ве интересира“, посочуваат организаторите на акцијата.

Целиот настан, бесплатните вакцини и средства за дехелминтизација на животните се овозможени со грант од програмата CIVICA Mobilitas, спроведена од Центарот за институционален развој CIRa и финансиски подржана од Швајцарската агенција за развој SDC.