Годишна изложба на учениците од уметничкото училиште „Лазар Личеноски“

Годишната завршна изложба на учениците на Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје ќе биде отворена на 9 јуни, во галеријата „Лазар Личеноски“ , како и во дел од атељеата на училиштето.

Учениците и професорите ги покануваат сите заинтересирани да се запознаат до работата на идните уметници во текот на изминатата учебна година. Отворањето на изложбата е најавено во 20 часот.