„Go Skateboarding Day” вечерва во Градски парк во чест на Мате

Скејтерите вечерва во Градски парк ќе го одбележат Меѓународниот ден на скејтбордингот (Go Skateboarding Day). Настанот годинава го посветуваат на еден од најистакнатите членови Филип Матески – Мате.

Тој почина по тешко боледување, а беше сметан за еден од најголемите промотори на скејтбордингот во државата.

Skate for Mate“ ќе започне во 19 часот на плочникот пред споменикот на Гоце Делчев, кое претставува главно збиралишта на скејтерите во Скопје.