Гевгелиски и струмички поети во „Метрички караван“

Овој петок (21 август) во 20:30 чесот пред платото на библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија ќе биде промовирана збирка со гевгелиски и струмички поети насловена „Метрички карван“.

Од гевгелиска страна во прегледот се застапени поетите: Илија Карајанов, Стефан Марковски, Томе Таушанов, Стефчо Стефанов, Бошко Бозаџиевски, Жаклина Атанасова, Коста Карев и Андреј Караџоски, додека пак, од струмичка: Ристо Маџунков, Никола Маџиров, Бранко Бјадов, Никола Сарајлија, Виолета Танчева-Златева, Вања Изова-Велева, Љупка Антеска, Васко Маглешов, Сузана Мицева, Митко Гогов, Марјан Минов и Иван Василевски.
Промотор на збирката е универзитетскиот професор, книжевен критичар и поет Владимир Мартиновски, кој за неа ќе рече:
„Темелно сочинета, книгата Метрички карван ни нуди раскошен пресек на рецентното поетско творештво на 22 значајни поети, етаблирани творци, овенчани со престижни книжевни признанија, чии творби се вдомени во голем број светски јазици, но и поети чија афирмација се случува последниве неколку години. […] Како еден вид поетска оаза во ова „време скудно“, оваа антологија изобилува со песни со кои би сакале да се дружите долго.“
 
Метрички карван 2015 е втора по ред збирка под покровителство на Библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија, која произлезе од потребата и желбата за зближување и комуникација на поетите од Гевгелија со оние од другите градови ширум државата.
Минатата година Метричкиот карван преку поетското слово обедини 14 поети од Гевгелија и Кавадарци.