Германските власти ги посоветуваа родителите да внимаваат на своите деца, не на телефоните

Германските спасители издадоа предупредување дека се поголемиот број давења на деца ова лето е поврзан со опсесијата на нивните родители со мобилните телефони.

Повеќе од 300 луѓе се удавија во Германија оваа година.

Здружението на германски спасувачи, најголемата организација од ваков вид во светот, која обезбедува 40.000 волонтери спасители на германските плажи, езера и бреговите – директно ги поврза децата кои имаат потешкотии во вода и родителите кои се премногу зафатени со нивните мобилни телефони за да абележат.

„Премалку родители и баби и дедовци ги слушаат советите: кога вашите деца и внуци се во вода, тргнете ги вашите телефони на страна”, вели Ахим Визе, портпарол на организацијата.

„Ние секојдневно се соочуваме со тоа што луѓето ги третираат базените како градинка и едноставно не обрнуваат внимание”, додаде Питер Харцхајм од германската федерација на спасители за базен.

„Во минатото, родителите и бабите и дедовците поминуваа повеќе време со своите деца во базенот. Но, сé поголем број родители се заведени од нивните паметни телефони и не гледаат лево или десно, а камоли да обрнат внимание на нивните деца “, изјави тој за германските медиуми. „Родителите се однесуваат толку невнимателно овие денови”.

Но, организациите, исто така, го обвинија школскиот систем што не го направиле пливањето задолжително од рана возраст. Буџетските намалувања, исто така, доведоа до скратување на работното време на базените.

Само во изминатата недела, случаите на давење во земјата стигнале до главните вести, вклучувајќи ги и оној на седумгодишно момче кое почина во базен во баварскиот град Марктредвиц. Во Минстер човек почина откако скокна во канал за да се олади.

Меѓу удавените се повеќе од 20 деца на возраст под 15, и 40 млади мажи и жени на возраст помеѓу 16 и 25. Постарите луѓе, исто така, се изложени на ризик кога пливаат премногу далеку или ја трошат енергијата, велат експертите.

Германската пливачко здружение предупреди дека со недостаток на државна поддршка за часови по пливање, како и недостаток на пристап до базени во училиштата, Германија е во опасност да се претвори во земја на непливачи.

„Како резултат на тоа, многу луѓе немаат вистинско знаење за тоа како да се однесуваат во водата”, изјави за германските медиуми претседателот на здружението Аксел Дитрих.

„Луѓе се удавија ова лето, особено затоа што тие не знаеја ништо за температурата на водата и одредени струи во водата во која биле, или бидејќи одеднаш добиле грч во ногата во средината на езерото, а немале поим што да прават”.