Герила-акција во Штип: „Внимавајте Диме Спасов на патот“

Импровизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте, Диме Спасов на патот“, викендов се појавија на улиците од Штип. Знаците се дел од герила-акција, додека организаторите не се познати.

Знаците биле поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, до пешачката патека во коритото на реката Брегалница и во паркот во населбата 8 Ноември.

Акцијата е поттикната од инцидентите пред две недели, во кои учесник беше Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.

gerila-akcija-dime-spasov-2

gerila-akcija-dime-spasov-3

gerila-akcija-dime-spasov-4