Гардијан: Откриени повеќе од 120 лажни трудови објавени онлајн

Откриени се повеќе од 120 лажни научни трудови во научни магазини во повеќе дисциплини. Не станува збор за плагијати, ниту за трудови работени врз основа на неточни или погрешни податоци. Како што пишува Гардијан (Liberty voise) се работи за комплетно фалсификувани научни трудови за кои, по извршена анализа со помош на специјална компјутерска програма, било утврдено дека немаат никаква смисла.

 Хемија

Сирил Лабе, научник од Универзитетот Џозеф Фури, создал софтвер што може автоматски да идентификува лажни трудови преку анализа на структурата на јазикот на текстот, со цел да се утврди дали тој текст е вистински, плагијат или целосно лажен.

Можно е лажните трудови идентификувани од Лабе да се создадени со помош на компјутерски програми. Програмата СЦИген, развиен од истражувачи на Институтот за технологија на Масачусетс, со цел да покажат како на конференциите и во списанијата се прифаќаат бесмислени трудови како да се вистински.

СЦИген комбинира научни изрази со случајано избрани фрази и ги комбинира во навидум импресивни документи. Програмот е достапен на интернет, а е поставен да ги охраби останатите истражувачи да прават измислени трудови и гио натера уредниците на магазините да трагата по лажни текстови.