[Галерија]Имитации на анатомски засеци направени од стари книги

Lisa Nilsson прави анатомски точни имитации на засеци на делови на човечкото и животинското тело со стара хартија и корици од искинати книги.

„Овие парчиња уметност се направени од хартија од јапонска црница и искинати корици на стари книги“, објаснува уметицата Lisa Nilsson.

„Создадени се преку техника на виткање и обликување на прави парчиња храна, а се нарекува филигран од хартија“.

Оваа техника била најпрво практикувана од калуѓерките и калуѓерите од ренесансата, кои биле принудени да прават прикази на човечките органи од преостанатата хартија од искинатите библии, а подоцна и од дамите од 18-тиот век, кои на овој начин го поминувале слободното време.

Изложбата Tissue Series е изработена со неверојатно детализирање, а се состои од истовремено гротескни, а сепак со интересен изглед засеци на мозоци, внатрешни органи, торза и екстремитети.

Иако нивната изработка е тешка, Nilsson сака да биде сигурна дека нејзините дела се анатомски точни.

 

Извор: Indepent