[Галерија] Воздушна градина од 30 000 цветови во Берлин

За да го прослави доаѓањето на пролетта, лондонската уметница Ребека Луис постави инсталација од 30.000 цветови во атриумот на германиот концептуален трговски центар „ Бикини Берлин“. Цветови во вид на шарена градина висат над главите на посетителите, врзани на тенка бакарна жица. Цветните аранжмани во инсталацијата треба да се исушат до 1 мај, до кога таа ќе остане поставена во центарот.