[Галерија] Воодушевувачки, надреални, највисоки статуи во светот

Желбата на фотографот Fabrice Fouillet била да создаде дело за симболизмот и култот на личноста, но не можел да го пронајде вистинскиот агол, се додека не налетал на фотографија на која била прикажана статуата Daikannon, во Сендаи, Јапонија, висока 100 метри.

„Оваа статуа (која претставува јапонска верзија на будистот Bodhisattva Kannon) изгледаше толку огромна, воодушевувачка и толку надреална, со оглед на тоа дека беше поставена во центарот на градот“, вели фотографот.

„Прво помислив дека фотографијата е монтажа, но беше вистинска. Јас го најдов симболот што го барав. Бев воодушевен и морав да откријам дали постојат и други слични на оваа“, додава тој.

Fouillet лоцираше десетина низ светот, од Полска, каде фигура на Исус Христот од 36 метри стои во малиот град Швјебодзин, до Кина и статуата на Гуан Ју која е сместена во Јунченг.

„Прво направив селекција во однос на големината. Сакав статуи повисоки од 30 метри. Потоа направив друга селекција врз основа на дизајнот на статуата бидејќи кажува многу за степенот на изолација што ги опкржува.

Како што вели Fouillet, барајќи ја рамнотежата помеѓу религиозните статуи и оние кои се поврзани со политички или национални личности, бил интригиран од човековата потреба за градење на огромни храмови на моќ.