[Галерија] Во евакуираната зона во Фукушима

Полскиот фотограф Аrkadiusz Podniesinski ја посетил нуклеарната централа Фукушима минатиот месец, сакајќи да ја документира и види со свои очи.

Успеал да добие дозвола за влез во евакуираната зона, која се протега на радиус од 20 километри околу централата, и изгледа како сцена од пост-апокалиптичен филм. Podniesinski претходно ја фотографирал и областа околу Чернобил, каде се случи нуклеарна катастрога во 1986 година.

„Не треба да ги обвинуваме земјотресите или цунамито за катастрофата во Фукушима Даичи нуклеарната централа, туку луѓето“, пишува фотографот на својата веб страница.

Тој го започнал проектот за да може да донесе „сопствени заклучоци без да му влијае било кој медиум, владина пропаганда, или нуклеарни лобисти кои се трудат да ги скријат ефектите на катастрофата, како и да ги пренасочи информациите на што е можно поширока публика“.

 

 

 

Извор: Bored Panda