[Галерија]„Вертикална градина” никна во Центар

Улицата Мирослав Крлежа во Центар доби несекојдневна урбана опрема. Дизајнерките Тамара Георгиевска и Марта Наумовска – Грнарова креираа урбано дело, кое предизвика огромен број на прашалници и кај локалните жители и кај случајните минувачи.

[Галерија]„Вертикална градина” никна во Центар

Станува збор за инсталацијата „Вертикална градина” чии дизајн и изведба инспириран од потребата за поставување на бариера која од овој запуштен дел од улицата ќе направи пријатно катче за социјализација. Георгиевска и Наумовска-Грнарова покажуваат едно несекојдневно решение за овие простори, тие добро ја имаат анализирано околината и нудат естетика и функционалност кои комуницираат со сите генерации. Инсталацијата „Вертикална градина” е дел од европскиот проект „Акупунктура на градот” кој во Македонија е реализиран од организацијата Јавна Соба во 2012 и 2013 година.

[Галерија]„Вертикална градина” никна во Центар

Заслугата за оваа дело се препишува на Завар Дизајн, а проектот е финансиран од страна на Европската унија, Министерството за култура на Македонија, Општина Центар и компанијата Завар Дизајн. Проектот „Вертикална градина” ќе биде претставен пред регионалната публика на архитектонската конференција во Загреб во февруари во 2014 година.

[Галерија]„Вертикална градина” никна во Центар

„Реакциите на граѓаните во првите неколку дена беа чудни, но тоа доаѓа од фактот што нивното око не е навикнато на ваков тип на естетика и функционалност во најблиското опкружување. Ова е инсталација која треба да влијае на подигање на свеста кај граѓаните и се надеваме дека ќе успееме во тоа“, посочуваат авторите.

[Галерија]„Вертикална градина” никна во Центар

„ Вертикалната градина” е предаденa во владение на Општината Центар која треба да води грижа оваа урбана инсталација и од каде што најавуваат дека слични дела ќе бидат поставени во повеќе делови од општината.