[Галерија] Вечерва низ Скопје се возеше #85 Критична маса

Под мотото „Тука сме, приказната продолжува“ вечерва низ Скопје се возеше #85 „Критична маса“ организирана од страна на #НаТочак.  Зборно месо беше плоштадот „Македонија“, а крајна дестинација паркингот пред Зоолошката градина.

Ни фалеше возење, беше еден од главните коментари меѓу присутните, бидејќи оваа Критична маса се одржа по подолга пауза. Дата за следниот ваков настан нема, ама затоа беше упатен повик до сите, секојдневно да возат со велосипед по скопските улици.

Дел од атмосферата денеска видете во галеријата во продолжение: