[Галерија] Упадот во Собрание, аерозагадувањето и бегството на Груевски – дел од маските на Вевчанскиот карневал

Со оро и палење на маските во центарот на Вевчани, попладнево заврши уште едно издание на Вевчанскиот карневал – традиција стара повеќе од 14 века.

Упадот во Собранието, проблемот со загадувањето на воздухот, бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, како и спорот со името, се дел од стотиците маски на карневалот годинава.

Според организаторите, манифестацијата ја посетиле десетици илјади граѓани.

Во продолжение, погледнете дел од маските кои беа дел од Вевчанскиот карневал, низ фотографиите на Стојан Лешоски.