[Галерија] Уметност од човечки коски со порака „Стоп за насилството“

Колекцијата од слики, насловена „Стоп за насилството“ е инспирирана од посетата на уметникот Франсоа Роберт на аукција каде купил училишни шкафчиња за 50 долари. Во едно од нив, уметникот пронашол човечки скелет. Скелетот останал да виси во неговото студио повеќе од една деценија, се додека недостатокот од работа поради рецесијата не го охрабрил Роберт да ги претвори коските во уметност.

Но, бидејќи деловите од скелетот биле поврзани за образовни цели, Франсоа се одлучил да го замени неговиот скелет за кутија со вистински коски. Тој потрошил часови макотрпна работа во претворање на коските во впечатливи форми, за потоа да ги фотографира.

„Поминав долго време на моите колена. Можете да замислете колку ме болеа колената кога решив да направам целосна азбука со цел да направам зборови заедно со симболи/слики“, вели Роберт.

За неговата колекција, тој бил номиниран за меѓународната награда за најдобар фотограф „Луси“ во 2009 година.