[Галерија] Уметност на билборд

Healing Tool” е привремена јавна уметничка инсталација на уметникот Brian Kane поставена на два автопати во Масачусетс. Проектот претставува серија билборди кои имаат за цел да го намалат стресот и монотонијата кај оние кои секојдневно минуваат по овие патишта. За таа цел, наместо реклами, на билбордите се прикажани фотографии од природни средини.

Делата се менуваат во зависност од периодот во денот. Преку ден, се прикажува природа, а ноќе се прикажуваат фотографии со висока резолуција од Месечината и Млечниот пат.

„Со отстранување на маркетинг пораките од просторот за реклами, создаваме неочекуван момент на интроспекција. На луѓето им се дозволува да интерпретираат слика заснована на нивното искуство, а не според единствениот фокус што го има огласувачот“, вели Kane.