[Галерија] Улична уметност која комбинира графити и отпад

Норвешкиот уметник Мартин Ватсон создава стенсили кои ги разубавуваат обичните сцени и сиви ѕидови, со живописни графити.

Делата често се фокусираат на мат позадина во генерално темна околина, на кои вметнува многу бои. Инспирацијата Ватсон ја добива во урбаните средини, а црта на се, од распаднати ѕидови до графитите и постерите кои ги покриваат.

Моментално Ватсон е дел од групната изложба „LAX/ORD“ во чикашката Вертикална галерија. Повеќе од неговите дела можат да се најдат на неговиот Инстаграм или веб страница.