[Галерија] Трет ден жив ѕид на Водно

Под мотото „Не низ Водно“, трет ден активистите од еко-иницијатива „Го сакам Водно“ продолжуваат да го одржуваат живиот ѕид пред багерите кои треба да го градат гасоводот на сртот по Водно.

Преку Фејсбук-страницата, активисти рано утрово објавија фотографии од првите пристигнати граѓани кај кампот, повикувајќи и останати доброволци да им се придружат во мисијата за зачувување на шумата.


Исто така, присутната група денеска повторно имаше „утринско обраќање“, како продолжение на вчерашното саркастично духовито видео.

„Другата екипа ќе им се придружи покасно. Навратете и вие, точната локација од Google Earth ќе ја постираме, планирани, хајкери, бајкери, намерни и ненамерни посетители, дојдете, оставете ваша порака, придружете ни се или само подружете се!“, соопштија од иницијативата.

„Го сакам Водно“ вчера преку соопштение ги образложи причините зошто продолжува да се спротивставува на изградбата на гасоводот, а активистите потенцираа низа мерки и рекоа дека кога институциите остануваат глуви, живиот штит е единствената граѓанска опција.

Го сакам Водно: Кога институциите остануваат глуви, живиот штит е единствената граѓанска опција