[Галерија] Слики настанати со комбинирање на фотографии и невронски мрежи

Руската веб страница Ostagram создава слики преку уметничката техника наречена инсепционзам, со која фотографии се комбинираат со невронски мрежи за да се генерира единствена збунувачка слика.

Невронската мрежа е модел за пресметување, базиран на структурата на биолошката невронска мрежа. Со други зборови, таа функционира како човечкиот мозок. Конвенционалниот софтвер оперира во рамките на строги параметки, но вештачките невронски мрежи имаат способност да „учат“ дознавајќи повеќе податоци со тек на времето.

Овие слики ги создава софтверот DeepDream, кој наоѓа и зголемува шаблони внатре во сликите преку процес наречен алгоритмичка пареидолија. Најпрво беше употребуван од Гугл, а оригиналното име му е Inception, по истоимениот филм.

Извор: Bored Panda