[Галерија] Сала за рекреација целосно изградена од бамбус

Панјаден интернационалното училиште е едукативен центар во Чианг Маи, Тајланд, кој неодамна доби спортско-рекреативна сала изградена од природни материјали. Архитектонската фирма Чиангмаи Лајф неодамна го создаде овој објект за спортските тимови на престижното училиште со површина од 250 метри квадратни. Објектот е изграден од бамбус, а инспириран од будистичките вредности кои можат да се најдат и во училишниот курикулум.

Структурата е инспирирана од лотосов цвет, а нема никакви железни арматури или други материјали изработени од човекот, поради што е природно студено внатре и покрај жешката, влажна клима во градфот. Исто така, отпорна е на брзи ветришта и земјотреси, кои често се случуваат во оваа област.