[Галерија] Протест на кумановски средношколци против задолжителното полагање математика

Од кумановската гимназија „Гоце Делчев“, па се до подрачното оделение на Министерството за образование и наука, стотици средношколци од Куманово денеска протестираа против воведувањето на математиката како задолжителен предмет на државната матура.

Денеска се одржа вториот ваков протест, а нов е закажан за утре напладне, со истите барања како и на претходните два протести. Учениците велат дека не се откажуваат и дека ќе продолжат додека не бидат слушнати од надлежните.