[Галерија] „Пред“ и „потоа“ фотографии сведочат за степенот на уништување од земјотресот во Италија

Силен земјотрес уништи неколку планински градови и села во централна Италија. Животот го изгубија најмалку 250 лица, а многумина се уште се водат како исчезнати.

Потресот со магнитуда од 6,2 степени, после кој следуваа неколку помали потреси, се случи во 03:36 часот наутро во средата, на 100 километри североисточно од Ри.

Најпогодени се градовите Акумоли и Аматриче, како и селата Пескара дел Тронто и Арката дел Тронто.